Педесет и пет фудбалски селекции, поделени во 10 групи, од денеска, официјално ги стартуваат квалификациските мечеви за пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи следната година во Катар.
Победниците од десетте групи обезбедуваат директен пласман на Мундијалот. Второпласираните репрезентации заедно со двете најдобри селекции од УЕФА лигата на нации ќе бидат поделени во три групи, од кои, победниците ќе патуваат на СП.
Во групите ќе се игра систем секој со секого. За победа се доделува три бодови, а за реми еден бод. Дел од квалификациите е и македонската селекција, која утре (четврток) во Романија против истоимената селекција ги стартува натпреварите.
- Двојки:
Група А: Португалија – Азербејџан (21ч), Србија – Република Ирска (21ч)
Група Д: Финска – БиХ (21ч), Франција – Украина (21ч)
Група Е: Белгија – Велс (21ч), Естонија – Чешка (21ч)
Група Г: Турција – Холандија (18ч), Гибралтар – Норвешка (21ч), Латвија – Црна Гора (18ч)
Група Х: Кипар – Словачка (21ч), Малта – Русија (21ч), Словенија – Хрватска (21ч)
OhridNews