Вечерва, со првите натпревари од осминафиналето стартува елиминациската фаза во најеминетното клупско натпреварување во Европа, Лигата на Шампиони.

Осминафиналето во ЛШ ќе има спектакуларен вовед, бидејќи на „Ноу Камп“ силите ќе ги одмерат шпанскиот гигант Барселона и францускиот дрим тим Пари Сент Жермен.

Во целина во двомечот фаворит за пласман во топ 8 е ПСЖ, но букмејкерите вечерва предност и даваат на Барселона. Каталонците се во добра форма, а допадлив и ефикасен фудбал играат „светците“, под водство на новиот тренер Маурицио Почетино.

Во втората осминафинална пресметка вечерва ќе се судрат германскиот бундеслигаш Лајпциг и англискиот првак Ливерпул. Германците минатата година играа во полуфиналето, покажувајќи дека имаат капацитет да се носат со големите екипа, додека „црвените“ од „Енфилд“ се во блага резултатска криза.

Двата мечеви се играат во 21 часот.

OhridNews