Женскиот прволигашки клуб Билјана 006 пред неколку дена стартуваше со подготовките за сезоната 2008/09г.

Оваа сезона клубот ќе се натпреварува со подмладен состав, а целта е девојките пополека да се воиграат и да се стекнат со потребното искуство

Покрај Елена Миладиноска и Марина Тилоска од  КК.Кимико Струга се приклучија уште три засилувања, младинската репрезентативка  Бисера Рациноска, Надица  Шикоска и Анета Николоска.

Тимот го комплетираат искусните Весна Балазоска, Наумка Кузеска, Даниела Цветаноска, Јулијана Кузеска како и дел од погонот на КК.Колибри.

ohridnews