Младата репрезентацијата на Македонија во Охрид ги започна подготовките за квалификацискиот натпревар со Исланд за Европското првенство, кој ќе се одигра на 11 јуни.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски под Самоиловите тврдини ќе останат до 8 јуни. Потоа, надежите се враќаат во Скопје и од таму заминуваат за Исланд.
Селекторот во Охрид репрезентацијата ќе ја подготвува тактички. Во четврток репрезентативците ќе има два тренинзи додека во останатите денови ќе тренираат по еднаш во попладневните часови.
Фото : Емилио
Мх.П.