Шкендија со пресврт 3-1 го совлада новиот прволигаш Младост Царев Двор. Гостите до предност дојдоа со голот на Цветаноски во 3 минута. Хасани го изедначи резултатот, Ибраими го комплетираше пресвртот, а победа ја завери Вручина.
Силекс како гостин славеше во мечот со Металург со 3-1. Георгиев, Иванов, и Недељковиќ погодија за гостите, додека поразот го ублажи Митрески.
Два пати Пандев и два пати Имери стрелаа за Хоризонт Турново во убедливот триумф со 4-0 над Ренова.
Актуелниот првак Вардар игра против Шкупи, додека воведното коло ќе го заокружат Работнички и Брегалница.
фото Екипа.мк