Новата сезона во најквалитетната кошаркарска лига НБА, имаше спектакуларен почеток, откако на мегдан излегоа градските ривали Лос Анџелес Лејкерс – Лос Анџелес Клиперс. Победата ја однесоа „клиперси“, кои славеа со 116-109.

Градската пресметка изобилуваше со пресврти и неверојатни две четвртини. Во првата, „клиперси“ го растурија шампионот со 39-19, но „езерџиите“ не останаа покусо и возвратија со 35-17 во втората. Во третиот квартал повторно на сцена стапија кошаркарите на Клиперс, кои обезбедија двоцифрена предност во пресрет на решавачката четвртина. Во последните десет минути, „лејкерси“ успеаја само делумно да ја намалат негативата, за конечни 116-109.

Во вториот меч од синоќешната програма составот на Бруклин со 125-99 го совлада Голден Стејт.

Резултати:

Бруклин – Голден Стејт 125-99

ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 109-116

OhridNews