Фаворитите во нашата трета група Норвешка и Исланд со победи го отворија квалификацискиот циклус за Европското првенство (ЕП) во 2010 година во Австрија.

Во првото коло Естонија – Норвешка 25-33 и Исланд – Белгија 40-21

Покрај Македонија во оваа група беше и Молдавија, која се откажа од квалификациите, па групата остана со пет репрезентации, наместо со шест.

Само најдобрите две селекции од секоја група ќе обезбедат пласман на завршницата на континенталното првенство.

В сабота играат Норвешка – Исланд, а в недела Белгија – Естонија.

М.П.