Со учеството на  Меѓународната Велигденска НОКИА Регата, за класата Оптимист, која во деновите од 21- 23 март се одржа во Порторож, Словенија, започна овогодинешната натпреварувачка сезона за македонските едриличари.

Во конкуренција од околу 300 натпреваруваци од 8 земји: Италија, Австрија, Словенија, Србија, Германија, Велика Британија, Америка, двајцата наши претставници  Ердал Лушо од ЕК СНЕГАР, Струга и Димитар Поп-Стефанија од ЕК АМАК СП- БОФОР, Охрид во машка конкуренција се пласираа на 113 односно 129 место.

Ohridnews