-Целта на оваа забрана е жителите и туристите во централното градско подрачје да имаат поголем мир и вистински одмор. Забраната се однесува на подрачјето на градот од населбата „Даљан“ до „Билјанини извори“ под булеварот „Туристичка“ кон Езерото и за просторот од 50 метри во длабочина, над булеварот „Туристичка“. –објасунуваат од Општина Охрид.
Одлуката за забрана за извршување градежни работи во летниот период во централното градско подрачје е донесена уште во 2007 година, од страна на Советот на општина Охрид и не е со ограничувачки период, односно нема потреба да се носи секоја година. Тоа значи дека таа се применува по автоматизам. Забраната не се однесува на изведувањето работи од јавен интерес и јавни работи.