Викендов, на терените ширум југо-западниот дел од Македонија ќе започнат натпреварите од втората полусезона во Третата македонска фудбалска лига.
Охридските претставници во третолигашкото друштво се Сатеска и Дебрца. „Црвените“ од Волино првите бодови ќе ги бара пред своите гледачи против составот на Лирија Грнчари, додека Дебрца силите ќе ги одмери со Влазними во гости.
Мечевите се играат в недела со почеток во 14:30 часот.
Двојки:
Караорман – Велешта
Новаци – Преспа
Кравари – Октиси
Сатеска – Лирија Грнчари
Македонија – Црно Буки
Стрела Спорт – Фљамуртари
Влазними – Дебрца
Табела: Велешта 31, Црно Буки 25, Фљамуртари 22, Октиси 22, Преспа 20, Лирија Грнчари 20, Влазними 20, Новаци 18, Караорман 17, Кравари 17, Сатеска 15, Дебрца 14, Македонија 12, Стрела Спорт 5
OhridNews