Започна примената на третиот пензиски фонд со што се заокружуваат реформите во пензиската обаст.

Третиот столб на пензискиот  систем дава можност за обезбедување пензиски надоместок  за лица кои не се опфатени со задолжителното пензиско осигурување. Со него ќе се создадат и предуслови за организирање и финансирање професионални пензиски шеми од страна на работодавачи и здруженија на граѓани.

Се очекува третиот столб да заживее во втората половина на следната година, а најголем интерес за зачленување да предизвика кај поединци и фирми од ИТ-секторот и кај финансиските работници кои остваруваат најголеми приходи.

Досега платите од пензиските осигуреници во Македонија се депонираа во двостолбен систем, државниот и еден од двата приватни фонда.

Ohridnews