Со нов систем на натпреварување, мерки и протоколи за заштита од вирусот ковид -19, со нови сили и мотиви, денеска официјално ќе стартува новата сезона во ракометната Супер лига.

14-те учеснички во регуларниот дел од Супер лигата се поделени во две групи (А и Б) со по седум екипи. Првите три на табелата од двете групи обезбедуваат пласман во плејофот, додека преостанатите осум екипи ќе се борат за опстанок во македонската ракометна елита.

Осмата сезона во суперлигашкото друштво составот на Охрид ќе ја започне на гостински терен кај тимот на Голден Арт КЛ7. Клубот зад кој стои најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров најавува борба против Охрид кој заедно со Пролет ја имаат улогата на фаворит во Групата А. Мечот во Скопје се игра во 19 часот. Натпреварот директно ќе биде емитуван на МТВ 3.

Двојки:

Група А

Јуниор КВ-Пролет (19ч)

Астарион-Радовиш (20:30ч)

Голден Арт КЛ7-Охрид (19:30ч)

Група Б

Металург-Еурофарм Пелистер 2 (18ч)

Работнички-Бутел Скопје (19ч)

Младост Богданци-Тиквеш (20:30ч)

OhridNews