На Кралскиот куп, кој воедно е квалификациски за учество на Светско првенство, клубовите ги пријавија најдобрите 8 екипи од Македонија, меѓу кои и екипата од Охрид “Св.Апостол Петар”, која на денешниот натпревар на акумулацијата Мавровица, заврши на второто место.
За охридската екипа се натпреваруваа: Марио Петковски, Јован Јолакоски и Александар Илиоски.
Првите 3 места по завршувањето на квалификациите, водат на Светското првенство во Хрватска на кое ќе учествува и Македонија.
Второто коло на програмата е на 30 мај, исто така на езерото Мавровица, Св.Николе.
Како тим сакаме да искажеме огромна благодарност до Општина Охрид и градоначалникот Пецаков, за максималната поддршка. Благодарност и до спонзорите Адмирал, Ликвид и Су хотел, како и до сите помагатели. Се надеваме дека ќе го обелиме образот на градот и во наредните кола од натпреварувањето и ќе оствариме пласман на Светско првенство, истакнаа од екипата од Охрид “Св.Апостол Петар”.
рГ..М