Со натпреварите од 16 коло, прво во пролетниот дел од шампионатот, денеска продолжува првенството во Втората фудбалска лига во сезоната 2022/23.

Дерби натпреварот се игра во Охрид, каде третопласираната Воска Спорт го пречекува Караорман (10). Средбата на стадионот „Билјанини извори“ почнува во 14 часот.

Во истиот термин во Тетово, ГФК Охрид Лихнидос (6) ќе се сретне со претпоследниот Тетекс кој претрпе големи измени на полусезоната и најави битка за опстанок во лигата.

Втора лига 16 коло:

Пелистер – Кожуф
Вардар – Аресими
Тетекс – Охрид Лихнидос
Беласица Детонит Плачковица
Слога 1934 – Борец 1919
Воска Спорт – Караорман 2017
Гостивар – Пехчево
Беса – Каменица Саса

На табелата води Гостивар со 37 бода, пред Вардар со 36 и Воска Спорт со 34. Охрид на шестото место има 26 бодови.

Г.М.