Тргнуваат денеска од Радожда, а на патот до Струга ќе ги придружува холандската амбасадорка во Македонија, Симоне Филипини. Ќе бидат пречекани од струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, по што ќе продолжат за Охрид од каде ќе се упатат кон Св. Наум. Оттаму пеш ќе минат низ Поградец и Лин во Албанија, од каде ќе се вратат во Радожда. Патувањето планираат да го завршат на 12-ти ноември.
На овој начин тие ќе ги промовираат активностите на асоцијацијата „Помош за Македонија“, која ќе донира средства за помош на фубдалскиот клуб „Морнар“ од Радожда.