Во соработка со KAM Village, во просторот на овој cентар, волонтерите на Црвен крст Охрид ќе накитат голема новогодишна Волшебна елка, на која покрај обичните украси и лампиони, ќе бидат поставени и волшебни лампиони во кои ќе се напишани скромните новогодишни желби на децата од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца.

 

Секој наш хуман сограѓанин, фирма, институција ќе има можност да избере еден или повеќе волшебни лампиони од Новогодишната елка и да ја исполни новогодишната желба напишана во него, информира Црвен крст Охрид, иницијатопр на акцијата.

Акцијата трае од 08 до 20 декември, а децата своите новогодишни желби-подароци ќе ги добијат на предновогодишна забава организирана на 23 декември (сабота), околу Волшебната елка во КАМ Village маркетот.

Во „РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ“, месецот на дарување да ја рашириме и споделиме празничната магија и во духот на хуманоста и љубовта, направиме да се остварат барем некои од новогодишните желби на децата кои живеат во социјален ризик. Бидете хумани, дарувајте и израдувајте! – порачуваат волонтерите на Црвен крст Охрид.

OhridNews