Денеска стартува првиот производ на Охридска банка, по преземањето на банката од француската финансиска групација Сосиете женерал.
Станува збор за новите кеш кредити (експрес кеш, хипотекрани и со депозит) што ќе бидат препознатливи по конкурентноста, транспарентноста и високиот квалитет на услуга. Барањата на клиентите за овие кредити ќе се одобруваат за еден ден. Периодот на отплата е десет години, а ефективната каматна стапка 9,38 отсто, соопшти банката.
Највисоката каматна стапка е 11,59 проценти, но се однесува на експрес кеш кредитите наменети за вработените во Охридска банка, а најниската е 3,04 отсто и важи за кеш кредитите со депозит.
Ова е прв конкретен чекор на новиот управувачки тим откако Сосите женерал минатиот месец купи 51,47 отсто од акциите на Охридска банка и стана нејзин доминантен сопственик.