Со натпреварите од фазата по групи, вечерва, започнува новото издание на најквалитетното клупско натпреварување во Европа, Лигата на Шампиони. На програмата ќе бидат мечевите од А-Д сегментот.

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) воведе неколку новитети за претстојната сезона која се очекува да биде најдобра во неколку работи. Мечевите ќе се играат во два термини во 18:55 часот и 21 часот, а не како што беше претходно во 20:45 часот. Во фазата по групи по четири загарантирани места имаат ТОП 4 лигите (Англија, Италија, Германија и Шпанија) што не беше случај до сега. Исто така во елиминациските натпревари кога ќе има продолженија ќе може да се преминува правилото четврто измена што се практикуваше на Мундијалот во Русија.

Системот на натпреварување не се менува и екипите се поделени во осум групи по четири екипи. Првите две екипи на табелата обезбедуваат пласман во нокаут фазата, додека третотопласирана се преселува во Лигата на Европа.

Бранител на трофејот е Реал Мадрид, а како најголеми конкуренти се споменуваат Манчестер Сити, Барселона, Баерн Минхен и Пари Сент Жермен.

Двојки:

Група А: Клуб Бриж – Борусија Дортмунд (21ч), Монако – Атлетико Мадрид (21ч)

Група Б: Интер – Тотенхем (18:55ч), Барселона – ПСВ Ајндховен (18:55ч)

Група Ц: Црвена Ѕвезда – Наполи (21ч), Ливерпул – ПСЖ (21ч)

Група Д: Галатасарај – Локомотив Москва (21ч), Шалке – Порто (21ч)

OhridNews