Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ од утре од скопскиот аеродром Александар Велики воведува директни авиолинии до европските градови Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен и тоа два пати неделно. До петте нови дестинации унгарскиот авиопревозник ќе оперира двапати неделно.

Од аеродрмот Свети Апостол Павле од Охрид, пак, од задутре, авиокомпанијата ќе воведе директен лет до Базел исто така два пати неделно.

На новите шест авиолинии „Визер“ ќе оперира со субвенции од македонската Влада, согласно договорот со Министерството за транспорт и врски.

OhridNews