Во  рамките на своите активности за едукација на младата популација, Црвен крст Охрид во соработка со Суперкиди од Дубаи, Обединети Арапски Емирати и Браинобраин детската академија од шенаи, Индија, ќе започне со реализација на едукативна програма во која деца на возраст од 5-14 години ќе можат да ги стекнуваат, развиваат и се потврдуваат во своите способности: фотографска меморија, концентрација, способност за слушање и учење, креативност и имагинација, самодоверба, визуелизација,  решавање на проблеми и др.

Повеќе информации и деталите за оваа необична и исклучително ефикасна програма и активност, претставниците на Суперкиди Дубаи и Охрид, ќе презентираат утре на прес конференција.

OhridNews