Македонската спортска јавност во нередните неколку дена своите погледи ќе ги впери кон Кавадарци, градот домаќин на Фајнал 8 турнирот.

Трета година по ред натпреварите во националниот куп завршуваат со настапи на најдобрите осум во шампионатот. По Струмица и Битола, Кавадарци преку КК Фен Инд. ќе биде центарот на кошарката.

Бранител на куп-трофејот е скопски Вардар О. кој минатата година преодниот трофеј на “Вечер“ го освои совладувајќи ја Струмица во финалето 73-66.

Охридската кошарка ќе биде претставена преку АМАК СП во машка, односно Билјана 006 во женска конкуренција.

Распоред на натпреварите:

Денес четвртфинале – мажи
17.30 Ф. Работнички – Вардар О
20.15 Фени Инд – Мзт Скопје

13 март (четврток) полуфинале – жени
14.30 Билјана – Младинец

четвртфинале – мажи
17.30 Пелистер – Неготино
20.15 Струмица – АМАК СП

14 март (петок)
полуфинале – жени
14.30 Вигор Скопје – В.Лисици

полуфинале – мажи
17.30 1. НАТПРЕВАР
20.15 2. НАТПРЕВАР
 
15 март (сабота)
17.00 ФИНАЛЕ – ЖЕНИ
20.15 ФИНАЛЕ – МАЖИ 

[email protected]