Од денеска ЈП „Билјанини ивори“ започна со наплата на поскап јавен паркинг, согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг просторот во летниот период (01.06. – 31.08.).
Според одлуката цените за паркирање на јавните паркиралишта во зона А ќе изнесува 40 денари, во зона Б 30, додека паркингот Премиум зоната во строгиот центар на градот ќе чини 100 денари за еден час. – соопшти ЈП „Билјанини извори“.
OhridNews