Во организација на Црвениот крст, денеска во Охрид ќе се одржи  хуманитарен спортско – забавен хепенинг.

Во хуманитарната трка што ќе се трша од кај чинарот до Центарот за култура ќе учествуваат сите кои купиле учеснички купон по цена од 30 денари.

Покрај трката, на кејот ќе се одвиваат и бројни други спортски  активности, а најмладите ќе ги забавуваат ѕвездите од Распеано рибарче и жонглери. Паралелно ќе се одвива и крводарителска акција.

Секој учесник е потенцијален добитник на една од стоте награди, а најсреќните ги чека 7- дневно зимување на Копаоник, зимување во х. Бистра и х. Радика на Маврово, ТВ, ДВД, компјутерска галантерија, најразлични курсеви за странски јазици, математика и др.

Собраните средства од хуманитарниот хепенинг ќе бидат употребени за помош на социјално загрозени семејства од Охрид.

Ohridnews