На 1 јули почнува втората фаза од фискалната децентрализација со која општините од централната власт ги преземаат надлежностите во образованието, културата и социјалата.
Иако не е утврден конечниот број на општините што ги имаат исполнето критериумите за влез во втората фаза, се очекува дозвола да добијат околу 30 единици на локалната самоуправа. Меѓу нив е и општина Охрид која според Комисијата за следење и оценка за подготвеноста на општините една од подобрите во Макдонија.
За процесот за пренесување на надлежностите од централно на локално ниво од буџетот се предвидени 1,535 милијарди денари.
Градоначалникот на Охрид Александар Петрески тврди дека општината е подготвена да ги преземе обврските од втората фаза на децентрализацијата и како што рече успешно да се носи со предизвиците.
Г. Момироски