Од денеска до 20 декември, центар на ракометните возбудувања во женска конкуренција ќе биде Данска која е домаќин на Европското првенство. Првично за организиратори беа одредени Данска и Норвешка, но Норвешка се откажа поради зголемување на бројката на ковид позитивни случаи во земјата и препораките од здравствените власти.

Европското првенство ќе се игра во стандарден формат. Шеснаесетте селекција се поделени во четири групи. Најдобрите три од секоја група изборуваат пласман во следната фаза. Домаќини на најдобрите ракометарки од Европа се Хернинг и Колдинг.

Покрај за титулата, селекциите на Европското првенство ќе се борат за што подобар пласман, бидејќи континенталниот собир ќе послужи како еден вид квалификации за Светското првенство следната година.

Титула на ЕП во Данска ја брани Франција.

Двојки:

18ч Романија – Германија

18:15ч Русија – Шпанија

20ч Норвешка – Полска

20:15ч Шведска – Чешка

OhridNews