За 17 800 средношколци, меѓу кои се и  556 матуранти од охридските средни училишта, денеска започнува полагањето државна матура.

Двата екстерни предмети, мајчин јазик и математика или странски јазик во првиот уписен рок ќе се полагаат на 12 и 14 јуни, а двата интерни предмети што ќе ги изберат матурантите, помеѓу 16 и 28 јуни. Резултатите од првиот рок се очекуваат за најмалку еден месец. Вториот  рок  за погање на екстерните предмети треба да се одржи на  14 и 16 август, а за интерните на 18 и 30 август.
   
Трите средни училишта во Охрид се подготвени  да ја спроведат државната матура, а од Бирото за развој на образованието очекуваат успешна реализација.
   
Државната матура  предизвика револт кај средношколците кои во текот на изминатите месеци организираа протести и јавно го изразија незадоволството од полагањето.

Александра Ристоска