Користењето на сите интернет услуги од денеска ќе биде бесплатно за граѓаните во Македонија, во рамки на владиниот проект „Бесплатен интернет за сите”.
Граѓаните ќе можат да воспостават бесплатна интернет конекција со повикување на телефонскиот број 055 858 858 и поврзување со корисничкото име „владанарм” и лозинката „остваруваме”.
Бесплатниот интернет до 24 јули ќе можат да го користат сите граѓани, училишта, студентски домови, библиотеки и други институции од образование карактер, соопшти денеска Владата.
Ова е дел од проектот „Македонија – земја на информатичари” чијашто прва фаза почна да се реализира во петокот преку бесплатна компјутерска обука за граѓаните.