Според најавите, над 470 планински тркачи од 36 земји ќе настапат на шестото издание манифестацијата „Охрид Ултра-Треил“ која ќе се одржи нlденеска и утре во Охрид.
Целите на овој спортско-рекреативен настан е да се понуди една уникатна планинска авантура на отворено за учесниците, која се одвива во недопрените предели на „Галичица“, а воедно да се промовира културното и природното богатство на Охридско-преспанскиот регион кој е заштитен под УНЕСКО, велат организаторите.
Оваа година предвидени се пет планински трки на 110, 65, 40, 22 и 10 километри.
- „Ултра-Треил“ стартува на вечерва,24 мај, во 23 часот од Охрид;
- „Галичица Ултра“ со старт на 25 мај во 7 часот од Св. Наум;
- „Самотска Маратон“ со старт на 25 мај во 9 часот од Пештани;
- „Летница Треил“ започнува на 25 мај во 11 часот од Велгошти
- „Јуниор Треил“ која ќе се одржи за прв пат на 25 мај со старт во 10:30 часот од Велгошти.
Сите трки минуваат низ патеки, врвови, гребени и долини во Националниот парк „Галичица“, а финишот е на градскиот плоштад во Охрид.
Манифестацијата „Охрид Ултра-Треил“ ја организираат спортските здуженија „Трекс“ од Скопје и „Топ Адвенчрс“ од Охрид. Приказната на „Охрид Ултра-Треил“ започна во 2019 година како настан со две трки во планинско трчање од 60 и 30 километри, а за пет последователни изданија прерасна во препознатлив мултинационален спортски настан кој се одвива под отворено небо.
OhridNews