Со осум екипи од Македонија, со строги мерки и протоколи во време на пандемија од вирусот ковид -19 и прв пат без публика на трибините, денеска, ќе започне 48-то издание на струшкиот ракометен турнир.

На отвореното игралиште „Горан Попоски-Бабец“ во следниве пет денови ќе продефилираат двократниот европски првак Вардар, петкратниот македонски шампион Металург, битолски Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Охрид, Прилеп, Еурофарм Пелистер 2 и домаќинот Струга. Слободно може да се заклучи дека Струга и турнирот ќе бидат ракометни епицентри не само во Македонија, туку и пошироко поради квалитетот на нашите екипи.

Осумте екипи се поделени во две групи. Се игра систем секој со секого. Првопласираните екипи од групите играат во финалето, а преостанатите ќе разигруваат за што подобро место на турнирот.

Денешната прва програма ја отвораат домаќинот Струга и составот на Прилеп во 17:15 часот. Потоа следува официјалното свечено отворање. Во втората средба (19:15ч) ќе се сретнат Охрид – Бутел Скопје, а во третата и последна (21:15ч) ќе се одигра дербито Еурофарм Пелистер – Металург.

Рекордер со најмногу титули вкупно 12 во историјата на струшкиот турнир е Вардар. Една помалку имаат битолчани, а со четири трофеи на третата позиција се Металопластика и Борац Бања Лука. Металург и Тутунски Комбинат Бренд имаат по три титули, по две имаат Шатр и Железничар, а по една В. В. Тиквеш, Аски Анкара, Приштина, Сесон Рен, Целје, АЕК.

OhridNews