Денеска, на теренот „Женска плажа“ ќе започне 47-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Турнирот на кој учествуваат шест клубови ќе трае до 17 август за кога се закажани финалните натпревари.
Почеток на турнирот ќе означат двата натпревари кои се на програмата и свечената церомонија која е закажана помеѓу мечевите. Во 18 часот и 30 минути завесата на турнирот ќе ја кренат домаќинот Струга и Пролетер Зрењанин. Во 20 часот е офијалното на турнирот а во 21 часот силите ќе ги одмерат грчкиот АЕК и Бутел Скопје.
По два натпревари ќе има на 15 и 16 август а на 17 ќе се распредалат медалите и ќе се дознае победникот на турнирот.
OhridNews