Со натпреварите од првата рунда ширум Македонија ќе започне 22-то издание на Првата македонска фудбалска лига.


Екипата на Вардар две години во низа го освојува шампионатот, а токму „црвено црните“ се главни фаворити за титулата оваа сезона.

Сметките на Вардар сезонава можат да бидат замрсени од Работнички, кој осетно ја засили екипата и Пелистер, кој најавува нова ера во фудбалот.

„Зелено белите“ на клупата го имаат охридскиот стратег Драган Бочески, кој по долги години раскина со Напредок. Тој најавува одлична сезона и солидни резултати армијата навивачи на Пелистер.

Покрај големите возбудувања во шампионатот сезоната ќе биде интересна и по намалувањето на екипите кои ќе се натпреваруваат следната.

Двојки : Вардар – Македонија ЃП, Гостивар – Брегалница, Металург – Работнички, Напредок – Ренова, Пелистер – Еуромилк, Шкендија – Х. Турново.

Мх.П.