Продолжението на кошаракарската сезона е закажано за 31 Јануари кога на програмата е 15 – то коло.

Веднаш на стартот на вториот дел од сезоната охридскиот Амак СП ќе го угости бранителот на трофејот Фени Индустри. Актуелниот шампион и лидер во првенството му го нанесе најтешкиот пораз на Амак во првиот дел од сезоната.

До комплетирање на првата фаза, преостануваат уште четири кола. Првопласираните шест екипи ќе ја формираат т.н Супер Лига.По одиграните десет кола ќе биде позната табелата и кој против кого ќе игра во разигрувањето за титулата.

15 коло, 31 Јануари 2009
Амак СП – Фени Индустри
Овче Поле – Вардар 2000
С. Пелистер – Ф.Работнички
Карпош Соколи – Торус
МЗТ ФОН Скопје слободен

М.П.