Повеќе од 400 натпреварувачи в недела со почеток во 10 часот од градскиот плоштад ќе учествуваат на првото издание на атлетскиот викенд Охрид трчат.
Дождот ја расипа програмата при доделувањето на стартните пакети, но не и атмосфера меѓу дечињата кои имаа можност да ги запознаат тајните на атлетиката и зумбата и пилатесот.
– Времето не` не посака нам и дечињата за кои имавме серија активности со професорите за Физичка култура и образование. Им ветувам дека во текот на оваа година ќе организираме посебен спортски настан само за нив и тие ќе бидат главни ѕвезди. – изјави Иван Цветкоски, првиот човек на Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“.
На атлетскиот викенд Охрид трчат учесниците ќе се натпреваруваат на 10 километарската трка, додека 5 километарската е за рекреативци и тим билдинг. Организаторите најавуваат добра забава и многу изненадување после завршувања на натпреварувачкиот дел.
Мх.П.