Светската и германската фудбалска јавност останаа згрозени од хорор стартот на голманот на Шалке Александер Нубел над српскиот интернационалец Мијат Гачиновиќ кој ги брани боите на Ајнтрахт Франкфурт. Нубел стартуваше остро и непромислено над Гачиновиќ, кој за среќа мина без потешка повреда.
Horror start on Mijat Gacinovic tonight… pic.twitter.com/siJ19AKUGT
— Kefir Andromeda (@skajdajver) December 15, 2019
Потегот на Нубел ги оживеа спомените од Светското првенство во 1982 година кога германскиот голман Шумахер на сличен начин стартуваше над Батиста. Голманот на „панцирите“ помина без санкција, а францускиот фудбалер заврши во болница.
OhridNews