Фудбалерите на Охрид со триумф ја отворија новата натпреварувачка сезона во Втората македонска фудбалска лига-запад, победувајќи го составот на Беса со 4-1 (1-1) на СРЦ „Билјанини Извори“.

„Рибарите“, теренската иницијатива и разликата во квалитет ја капитализираа во второто полувреме во кое постигнаа три погодоци, откако првите 45 минути завршија со 1-1.

Резултатот на СРЦ „Билјанини Извори“ кој по година и половина ги отвори вратите за љубителите на фудбалот го отвори Игор Клечкароски. Повратникот во охридскиот состав со гол ја круниса соло акцијата на Мурат Адили.

Гостите во последниот обид во првиот дел ја погодија мрежата и изедначија на 1-1. Клечкароски го смена правецот на топката и го измами чуварот на мрежата Никола Симоновски.

Охридските бели одиграа фуриозни дваесеттина минути во второто полувреме. Дефанзивецот Борјан Пановски со маестрален погодок го врати водството на Охрид. Три минути подоцна, Клечкароски, со вториот погодок на мечот го дуплираше водството на „рибарите“. Точка на победа стави Виктор Наумовски, кој реализираше во 66-та минута.

До крајот на мечот темпото на игра опадна, а охриѓани рутински го спроведоа во мирна завршница и конечна победа.

Во следната, втората рунда, Охрид гостува кај тимот на Кадино. Мечот се игра в недела во 16 часот.

OhridNews