Македонската кошаркарска репрезентација со победа ги започна натпреварите на ЕФЕС купот во Турција.Во првиот натпревар во групата избраниците на Јовица Арсиќ со 19 поени разлика ја совладаа Летонија со 95-74.


Победата на црвено-жолтите во ниту еден момент не била доведена во прашање откако кошаркарите во своја корист ги решија сите периоди на игра 28-15, 20-15, 25-15,22-21.

Нареден противник на Македонија ќе биде селекцијата на Велика Британија.