Машката одбојкарска селекција на Македонија со пораз од Австрија (2-3) ги започна квалификациите за Европското првенство 2013.

Во Виена, домаќините до победата стигнаа во тај брекот со 15-13. Претходно нашите ги добија првиот и третиот сет со 25-23 и 25-21, додека
Австрија беше победуваше во вториот и четвртиот со 25-23 и 25-22.

Покрај Австрија противници на Македонија ќе бидат селекциите на Чешка и Хрватска. Вториот турнир, ќе се одигра од 13-16 септември, а домаќи ќе биде чешкиот град Острава.

Победникот од двата турнири ќе обезбеди директен пласман на континеталното првенство, додека второпласираната репрезентација, ќе игра бараж меч против второпласираниот тим во групата, во која се Словенија, Германија, Украина и Шведска.

ohridnews