Охрид со победа ги започна натпреварите во Втората Македонска Фудбалска Лига. Прва жртва на “рибарите“ е тимот на Цементарница. Охриѓани како гости победија со убедливи 3-0.Стрелци на головите беа Грујоски, Маркоски и Димоски.


Трета година по ред охриѓани не`поразени се враќаат од гостувањата на стартот на шампионатот. Пред три години одиграа 2-2 во Штип со Брегалница, минатата година во премиерното коло беше совладан Кожув со 2-1, додека годинава победена Цементарница со 3-0.

М.П.