Ракометарите на Охрид со победа над битолски Пелистер 22-20 (13-13) го започнаа првиот меморијален турнир во Прилеп.
До ториот триумф во подготвителните натпревари по оној над Работник „сино белите“ стигнаа без еден од најдобрите играчи Мите Караиванов кој не настапи поради повреда.
Голгетерската листа ја предводеше десното крило Малик Хогас со девет погодоци, десниот бек Дарко Павловиќ реализираше седум додека Јосип Кезиќ погоди три пати.
Во одличната престава на охридските ракометари се вклопи и голманот Кирил Колев кој запиша 12 успешни интервенции.
Вториот ривал на Охрид на турнирот во Прилеп е домаќинот. Средбата ќе се одигра в сабота со почеток во 19 часот.
Мх.П.