Тимот на Моби Дик со победа тргна во Првата женска ракометна лига. „Китовите“ до дебитанскиот триумф стигнаа во Битола победувајќи ги ракометарките на Пелистер 27-23 (12-13).
Гол шоу во спортската сала „Младост“ имаше Ристовска која 12 пати ја тресеше мрежата на противничките, Талевска реализираше седум голови, а Јованоска пет.
Во втората рунда од Првата лига пред своите гледачи екипата на Моби Дик ќе го пречека тимот на Универс.
Мх.П.