Со попладневната прес конференција денес во Скопје започнуваат подготовките на Македонската “А“ селекција за квалификациските натпревари за СП 2012 во Јужна Африка.

На денешниот тренинг треба да се појават 20 фудбалери на кои смета селекторот Сречко Катенец.

Првиот натпревар Македонија ќе го игра на 6 Септември (Сабота) против Шкотска во 15 часот.

Вториот натпревар Македонија на Градски ќе го игра против Холандија в Среда 10 Септември во 20.30.

Клучни за понатамошниот тек на квалификациите се овие два натпревари, а сите посакуваат 4 бода по првите два меча.

М.П.