Најдобрата македонска репрезентација денес во Рига ќе го одигра првиот натпревар од квалификациската група против домаќинот Летонија. Воиграноста на нашиот тим е најголeмиот проблем за српскиот стручњак на македонската клупа. И покрај тоа што доволно долго траеa подготовките за овај циклус, сепак клучните играчи во нашиот тим најмногу поради семејни причини беа отсутни за време на подготвките.

Вистина е дека заради одредени причини имавме проблеми да ги одработиме последните тренинзи комплетни и со 100%. Имавме доволно време да го снимиме противникот, кој дефинитивно е фаворит пред свој публика, но убеден сум дека ќе дадеме се од себе да дојдеме до што е можно подобар резултат во Рига. Пресметките велат дека од 6-те квалификациски дуели ни се потребни 4 победи за пласман на ЕП, првата ќе ја “бркаме“ уште во Летонија– изјави Арсиќ пред заминувањето за Рига.


Капитенот Врбица Стефанов, кој е единствениот кој беше дел од репрезентацијата која настапи на единственото големо натперварување Европското во Франција очекува победнички старт на квалификациите.

Настапот во Рига го очекувам со нетрпение, силниот противник не мотивира, убеден сум дека ќе дадеме се од себе уште на стартот да ги израдуваме нашите навивачи кои ги очекувам во голем број да ни дадат поддршка на натпреварите во Скопје – рече Стефанов.

Боите на македонскиот национален дрес ќе ги бранат Врбица и Ристе Стефанови, Владо Илиевски, Димитар Мираковски, Дарко Соколов, Диме Тасовски, Војдан Стојановски, Перо Антиќ, Златко Гоцевски, Џеремаја Мејси, Предраг Самарџиски и Тодор Гечевски.

По вечерашниот натпревар (17.30 мин ) , во наредното второ коло Македонија на 6 Септермври во Скопје ќе игра против Португалија.

ohridnews