Екипата на спортско риболовниот клуб Св.Апостол Петар од Охрид ги започна натпреварите во Првата лига на Македонија, во дисциплина лов на риба со јадица на пливка.

Првото коло ќе се одржи на вештачкото езеро Треска кај Сарај во близина на Скопје каде ќе се натпреваруваат  најдобрите 7 екипи од Македонија.


Сите кола ќе се одржат на оваа езеро, езерото е порибено со неколку тони крап, лињак, амур и караш . Во наредните денови се планира порибување со уште неколку тони на крап, што ќе допринесе  ова езеро да стане натпреварувачка патека од светски ранг, со најдобри услови за натпревари во сите спортско  риболовни  дисциплини на Балканот и пошироко,

На истата патека од наредниот четврток  ќе започнат натпреварите во Првата крапска лига во дисциплина лов на риба со јадица на дно, во  која ќе земе учество и најдоброто дуо од Охрид . на овој натпревар се лови крап 72 часа без прекин  .