Со едно неделно одложување викендов започнува 16-от кошаркарски шампионат. Втора година по ред благодарение на К.К. АМАК СП Охрид е на прволигашката кошаркарска мапа.На воведниот натпревар во новото првенство охриѓани ќе гостуваат во Струмица кај бранителот на трофејот. Дербито на колото се игра во Јане Сандаски каде МЗТ го пречекува Работнички. Реновираниот тим на Фени Инд. го пречекува Маврово, а во втората скопска пресметка Вардар ќе игра против Соколи.Слободен е тимот на Пелистер.
Снимка од натпреварот помеѓу Струмица и АМАК СП ќе може да гледате во понеделник од 21 часот на локалната НТВ .

Покрај натпреварите во машка, викендов започнуваат натпреварите и во женска конкуренција. Минатогодишниот финалист охридската Билјана 006 во првото коло гостува во Битола кај Пелистер . Натпреварот се игра во Недела во 13 часот .

Кошаркарите на Колибри генерација ж92 во новата сезона ќе се натпреваруваат во првата кадетска лига. Во недела во Скопје му гостуваат на Центар .
Кошаркарите од генерацијата ж94 новото првенство ќе го отворат на домашен терен против Милениум од Струмица.

Ракометарите на Климент Охридски натпреварот од третото коло против Младост од Ресен ќе го играат во среда во 16 часот .Струшки Илинден на домашен терен го пречекува Партизан .

             [email protected]