Старото пристаниште во Охрид кое пред пет години беше поврзано со брегот културно пропаѓа. Овој докрај не осмислен објект ги збунува посетителите. Плочникот на  мостот кој набрзина беше изграден во предизборието во 2002 година веќе почнува да се распаѓа. Фалат плочки, а останатите несиметрично се поставени.

Сепак во најлоша состојба е пристанишниот дел. Старите бетонски блокови штрчат на околу, конструкцијата е ослабена од сите страни, а во средината расте трева. Сето тоа  во строгиот центар на Охрид, наспроти х. Палас кој е уште една грда слика на градот.


старото пристаниште во Охрид културно пропаѓа

Инаку, според Генералниот урбанистички план во должина на кејот треба да се изградат неколку атрактивни зони со вештачки островчиња на кои е предвидена изградба на угостителски објекти. Исто така предвидена е изградба на марина со бензинска пумпа. Кога ќе се реализира тој скап проект никој не знае со точност да одговори. Дотогаш старото пристаниште ќе остане да сведочи за една нереализирана идеја која час поскоро треба некако да се доврши.

Г. Момироски