Неодамна започна реконструкцијата на старото крило на охридската општа болница. Одделенијата за уво грло и нос, урологија, хирургија и гинекологија се затворени, а вработените прераспоредени во други одделенија. Охридските новороденчниња во наредните 16 месеци, колку што е предвидено да трае реконструкцијата на болницата, ќе се раѓаат во другите градови. Амбулантата на хирургија, како и на другите затворени одделенија се преместени во другите болнички згради.
Почна реконструкцијата на старото болничко крило
Условите за работа според дел од вработените се усложнети и не одговараат на потребите на граѓаните на Охрид, кои речиси две години не ќе добиваат соодветни здравствени услуги во општата болница. Според нив тоа можело да се избегне доколку наместо за реконструкција, средствата што ги обезбедува владата се искористеле за изградба на ново болничко крило. На тој начин, сметаат дел од лекарите, ќе се избегнеле непотребните компликации, а охриѓани непречено ќе добиваа услуги во одделенијата за уво грло и нос, хирургија, урологија и гинекологија до изградбата на новиот болнички оддел.
Раководството на градската болница пред почетокот на градежните работи информираше дека старото болничко крило каде беа сместени споменатите одделенија морало да се рекоснтруира, затоа што зградата била сеизмички нестабилна, градена со езерска песок и слаби материјали и постоела опасност да се урне.
-Првата варијанта беше да се оди на парцијално санирање на зградата, но по извршените технички испитувања се донесе одлука да се изврши комплетна реконструкција, бидејќи се работи за асеизмичен објект, -изјавија од охридската општа болница.
Старото крило мораше да се реконструира тврди раководството на болницата
Во новото болничко крило ќе бидат инвестирани 2,1 милиони евра, а Охрид ќе добие модерен здравствен центар кој ќе може да одговори на потребите на градот, информираат од општата болница.
Во текот на изминатата недела Отсекот за превенција при СВР Охрид реализираше повеќе едукативни кампањи на подрачјето на Охрид Од Министерството за внатрешни работи информираат дека било одржано пр...
Од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, одлучи Регулатор...
Политиките што ги спроведуваме во авиосообраќајот даваат конкретни резултати После 12 години успеавме повторно да ја вратиме линијата Скопје-Амстердам Авиокомпанијата Трансавиа ќе лета двапати во н...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.