Во Македонија во иднина ќе може да се увезуваат употребувани возила  не постари од четири години, предвидува новиот Правилник за пуштање на пазар и ставање во употреба на моторни возила, што го донесе Министерството за економија.

Во регулативата на која се темели Правилникот, не е стриктно наведена старосната граница, но со утврдените технички услови нема да може да се увезуваат постари возила од четири години. Досегашната старосна граница за употребувани возила беше осум години.