На 26-ти овој месец во Охрид ќе се одржат „Охридските староградски средби“, чија цел е негување на староградскиот мелос.

Oваа година, на манифестацијата ќе учествуваат Здружение на пензионери Охрид и Дебрца, Хорот при НУ Центар за култура ,,Григор  Прличев“ од Охрид, , Група ,,Сарај” – Охрид, Дом на култура ,,Иван Мазов – Климе”- Кавадарци, Градско мандолинско друштво „Свети Никола“- Свети Николе,Октет – Прилеп, НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, Група „Орнаменти“ – Штип, , Здружение на пензионери на општина Штип и Карбинци, Здружение на пензионери од Куманово, КУД  ,,Пере Тошев” – Прилеп, Центар за култура – Неготино, Здружение ,,Распеани Велешани”-Велес.

Инаку, „Охридските староградски средби“ ќе се одржуваат во Центарот за култура во Охрид , а влезот за посетителите е слободен.

OhridNews