Голем број љубители на староградската музика од различни генерации вчеравечер уживаа во концертот на охридскиот ансамбл „Билјана“ кој се одржа на локалитетот Сараиште во стариот дел на Охрид.

Со беспрекорните изведби на македонски староградски песни, членовите на групата Јован Поп-Стефанија, Андреј Лаброски, Христијан Томевски и Ангел Трајковски, ја расположија публиката, а дел од присутните станаа и заиграа.

Како специјален гостин на концертот настапи Мартина Костова, вокал во aнсамблот „Танец“.

 

OhridNews