Романец бил шокиран добивајќи казна на домашната адреса. Пишувало дека полицијата го снимила додека го возел своето 15 години старо рено дури 498 км/ч. Наводно премногу брзал по планинските улици во Романија. Тоадер Моис сега го продава автомобилот, а размислува и за покачување на цената, бидејќи не оди секое рено 500 км/ч.
– Ми беше премногу смешно кога ја добив казната. Мислам дека би требало да влезам во некоја книга на рекорди. Како сум можел да возам 500 км/ч кога едвај стигнувам и до 110 км/ч – се запрашува 61-годишниот Тоадер.
Полицијата испитува дали погрешил расипан радар или полицаец.